Легендарниот Лорд Себастијан Коу гостин на Скопје и Македонија

Министерот за спорт Борко Ристовски денес во Владата имаше официјална средба со Лорд Себастијан Коу, претседател на Светската атлетска асоцијација, поранешен член на британскиот парламент и актуелен член на бордот на Интернационалниот Олимписки Комитет кој официјално е кандидат за прв човек на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) на претстојните избори во март 2025 година.

На средбата беше дискутирано за поддршката која Министерството за спорт ја обезбедува за Атлетската федерација на Македонија, како и за идните проекти и иницијативи за унапредување на македонската атлетика.