Легендата Спанулис во вербален дуел со официални лица
Во вербален дуел влегоа гостинскиот тренер Василис Спанулис и
лице од записничката маса. Грчката легенда по натпреварот откри
дека добил пцовка од лицето чиј идентитет засега е напознат.
„Над 20 години сум во професионалната кошарка и никогаш во
животот не ми се случило човек од записничката маса, кој е дел од
натпреварот, да ми каже ‘е.. се’. Ова е срамота, прво за него, потоа за
кошарката и на крајот за клубот Фалко во кој работат прекрасни
личности и има одличен тренер. Му реков да ми даде тајмаут ако
примиме кош, а тој ми даде без да погоди Фалко откако ние
направивме лична грешка. Го прашав зошто го стори тоа, а тој ми
одговори ‘е.. се’. Уште еднаш ќе повторам, никогаш порано не ми се
случило ова“, грмеше Спанулис на прес-конференцијата.