Леклерк: Ферари засега далеку од борба за титула
Според првиот возач на Ферари, Шарл Леклерк, славниот италијански тим пред себе има долг пат пред да може повторно да се бори за титули во Формула 1 шампионатот.
По најлошата сезона во последните 40 години која тимот на Ферари ја оствари во 2020 година, во тековната сезона популарната “Скудерија“ се приближи до врвот . Во првите 15 трки во новата сезона, Леклер и неговиот совозач Карлос Саинц забележаа вкупно четири искачувања на подиумот,и две победи во квалификациите. Самиот Леклерк го освои четвртото место на Големата награда на Италија, што според него го докажува напредокот во тимот на Ферари.
“Посигурен сум во болидот уште од првата трка. Вкупните перформанси се подобри, а ние сме поконзистентни од минатата година. Ова покажува дека се движиме во вистинската насока. Сепак, ни претстои долг пат пред да започнеме да се сметаме себеси за претенденти за титулата“, изјави Леклерк. Наша задача е со секоја нова трка да го подобруваме резултатот. Се надевам дека ќе им се вратам на победите пред крајот на шампионатот “.
Сезоната во Формула 1 продолжува викендов со Големата Награда на Турција, која се вози на Истанбул парк.