Лестер во големи проблеми: Варди два месеци во аут

Екипата на Лестер и тренерот Брендон Роџерс се соочуваат со големи проблеми од почетокот на новата 2022 година.

Најдобриот напаѓач во тимот, Џејми Варди нема да настапува за „лисиците“ до крајот на март, бидејќи на натпреварот против Ливерпул тој ја обнови повредата на мускулот. 

Дополнителен проблем за екипата е и отсуството на неговиот соиграч од нападот, Ихеаначо кој со неговата Нигерија отпатува на Купот на Афрчки нации, како и повредата на третиот напаѓач Патсон Дака.