Лестер нема да го откупи Џенгиз Ундер и ќе го врати во Рома

Лестер нема да ја искористи опцијата за купување на крилото Џенгиз Ундер и ќе го врати во Рома по завршувањето на сезоната, пренесуваат медиумите во Англија. 23-годишниот Турски интернационалец моментално игра на позајмица во Лестер Сити, но не успеа да се етаблира во составот на Брендон Роџерс, кој нема намера да го задржи во клубот. Британците платија 3 милиони евра за позајмицата на играчот и во договорот со Рома има откупна клаузула вредна 25 милиони евра, но таа нема да се активира. Ундер беше привлечен со големи очекувања во Лестер, но не успеа да ги оправда, бидејќи одигра само 19 натпревари во сите натпреварувања на кои има 2 гола на своето конто. Така, Ундер ќе се врати на „Олимпико“ следното лето, а Рома ќе бара друг купувач. Се вели дека Фенербахче внимателно ја следи ситуацијата и не е ни чудо да дадат понуда за турскиот репрезентативец.