Лестер одби да го продаде Весли Фофана
Лестер нема добиено нови понуди за Весли Фофана. Според англиските медиуми, Челси има сериозен интерес за дефанзивецот и „лисиците“ веќе одбиле две понуди од лондончани.
„Пораката до сите во тимот е да се концентрираат на фудбалот. Има многу шпекулации, но тоа не е нешто што влијае на тимот. Весли е многу талентиран играч. Тој знае што мислиме за него. Не сакаме да го продадеме, тоа е клучот. Уште една година во Лестер ќе биде одлична за неговиот развој“, рече менаџерот Брендан Роџерс.
Во сабота „лисиците“ гостуваат кај Арсенал во натпревар од второто коло на шампионатот. Според Роџерс, лондончани многу ја подигнале границата со потпишувањето на Зинченко, Жесус и Виеира.
„За мене, Арсенал е веќе на друго ниво со трите нови засилувања. Тие му даваат самодоверба на тимот и му даваат можности на Микел да игра онака како што сака тимот да игра. Тие добро се подготвија и добро започнаа против Кристал Палас“, прокоментира поранешниот тренер на Ливерпул.