Лестер размислува за продажба на Медисон

Екипата на Лестер Сити размислува ова лето да го продаде играчот од средниот ред Џејмс Медисон.

Тренерот Брендан Роџерс сака три нови имиња како засилувања со кои ќе го обнови својот тим, после слабата сезона, пишува „Дејли мејл“.

Раководството на Лестер е подготвено да му даде поддршка на Роџерс, но за тоа да се оствари најверојатно ќе мора да продадат некој играч за да се привлечат финансии во клубот. Како играч на кој ќе му се дозволи да замине од клубот се споменува Џејмс Медисон за кој Лестер ќе бара околу 50 милиони фунти.