Лестер ќе почне со бодовен минус кога ќе се врати во Премиер лигата

Независната регулаторна комисија на Премиер лигата го обвини тимот на Лестер Сити за прекршување на правилата за одржливост за време на претходниот престој на тимот во англиската Премиер лига.

Во моментов оваа екипа игра во Чемпионшип, но ја делат првата позиција со Лидс Јунајтед и голема е веројатноста од новата сезона да се вратат во елитата.

Доколку клубот биде прогласен за виновен, неговото враќање во Премиер лигата може да започне со негативен број на бодови.

„Наводното прекршување се однесува на периодот на оценување кој завршува во сезоната 2022/23, кога клубот беше член на Премиер лигата. Лестер Сити испадна во Чемпионшип пред воведувањето на новите стандардни упатства на Премиер лигата кои пропишуваат временска рамка во која да ги разгледува случаите на финансиски неправилности. Затоа, постапките ќе се водат согласно распоредот што ќе го утврди независната комисија“, соопштија од Премиер лигата.

Лестер излезе со став дека е изненаден од истрагата против нив и ќе го брани својот став дека се невини.