Лесјак: Мечот против Македонија ќе биде посебен

Словенија ќе биде следниот предизвик за Македонија во квалификациите за ракометното Европско првенство (ЕП).
Првиот фаворит во групата во Скопје гостува со низа проблеми, а дека балканската селекција ја чека жешка атмосфера, предупредува голманот Урбан Лесјак кој бранеше за Еурофарм Пелистер.
„Има 6.000 и повеќе возбудени Македонци кои чекаат на нас. Првото нешто е што треба да бидеме подготвени за таква атмосфера. Мислам дека сме навикнати да играме мечеви под притисок, но овој може да биде малку специјален затоа што ракометарите на Македонија носат добар настап од Светското првенство. Сакаме да освоиме бодови кои ќе не однесат на првото место и ќе ни донесат полесна ждрепка за Европското првенство“, изјави Лесјак.
Поврзани теми