Лече му врачи отказ на Лука Готи
Италијанскиот калчолигаш Лече одлучи да се раздели со тренерот Лука Готи. Клубот објави дека ја раскинува соработката со стратегот кој дојде во март на клупата на Лече. минатата сезона успеа да избори опстанок со клубот, но во новата на тимот не му оди најдобро.
„Лече известува дека господинот Лука Готи е разрешен од должноста тренер на првиот тим. Му благодариме за работата, професионализмот и посветеноста која ја покажа и му посакуваме сè најдобро во иднина“, објави клубот.
Лече по 12 кола во Серија А освои само девет бода и се наоѓа на 18. позиција на табелата.