Лејкерси четири натпревари без Дончиќ

Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ ќе биде надвор од составот најмалку една недела поради истегнување на прстот на левата рака и контузија на долниот дел од левата нога, јавија синоќа американските медиуми.

Ова значи дека Дончиќ сигурно ќе ги пропушти следните четири натпревари на Лејкерс, против Сакраменто (недела), Портланд (понеделник), Минесота (среда) и Мемфис (петок).

Дополнителен проблем за Лејкерс ќе биде отсуството на Леброн Џејмс, кој сè уште нема настап оваа сезона поради болки во грбот.

Во првите два натпревари од новата сезона, Лејкерс запиша победа и пораз, а Дончиќ имаше просек од 46 поени, 11,5 скокови и 8,5 асистенции.