Ливаковиќ на лекарски прегледи во Фенербахче
Хрватскиот репрезентативен голман, Доминик Ливаковиќ, денеска ќе пристигне во Истанбул каде треба да ги помине лекарските прегледи и да потпише договор со екипата на Фенербахче. Турскиот клуб утрово со кусо соопштение потврди дека постигнал договор со Динамо Загреб за трансферот на Ливаковиќ и дека во текот на денот ќе го официјализира новото засилување.
Капитенот на Динамо го напушта клубот на денот на најважниот натпревар на хрватскиот шампион, првиот натпревар од плеј-офот од Лигата на Европа против Спарта Прага. Зделката доаѓа откако досегашниот прв голман на Фенер, Алтај Бајиндир, ги помина лекарските прегледи во Атина и деновиве ќе го затвори трансферот во Манчестер Јунајтед за сума од 7 милиони евра.