Ливаковиќ од Динамо се сели во Виљареал
Виљареал е блиску до купување на голманот на Динамо Загреб, Доминик Ливаковиќ, објавија медиумите во Шпаија.
Според истите, Виљареал го следи Ливаковиќ од јануари оваа година. Сега шпанскиот клуб веќе постигна усмен договор со голманот, но се уште не се договорил за трансфер со Динамо Загреб, кој побара 10 милиони евра за својот голман. Првата понуда на Виљареал за Ливаковиќ беше 7 милиони евра. Преговорите ќе продолжат во наредните денови.
28-годишниот Ливаковиќ оваа сезона одигра 49 натпревари за Динамо во сите натпреварувања, при што прими 49 гола на нив, а 13 пати ја остави мрежата недопрена. Неговиот договор со загрепскиот клуб е до летото 2024 година.