Ливерпул во јануари го носи Чуамени од Реал

Ливерпул е силно заинтересиран за ѕвездата на Реал Мадрид, Орелиан Чуамени, пренесуваат медиумите на Островот.

„Кралевите“ се спремни да слушнат понуди за фудбалерот за кого пред две години го платија 80 милиони евра.

Реал на лето сака да донесе нова ѕвезда во средниот ред, Камавинга ќе добива поголема минутажа, па е спремен да го пушти Чуамени.

Интерес за Французинот има од многу европски гиганти, но Ливерпул сака да ја победи конкуренцијата.

„Црвените“ веќе почнале преговори со Реал Мадрид и ќе се обидат да го донесат Чуамени уште во зимскиот преоден рок.