Ливерпул во јануари тргнува по Асенсио?
Раководството на Ливерпул сериозно ја разгледува можноста во јануарскиот трансфер период, да го доведе крилото на Реал Мадрид Марко Асенсио,пренесуваат некои шпански медиуми.
Клубот од Мерсисајд беше поврзуван со купување на 25-годишниот фудбалер и во текот на летото, но тренерот на Реал, Карло Анчелоти го убеди својот играч да остане на „Сантијаго Бернабеу“.
Изгледа дека “црвените“ тргнуваат во нова офанзива за доведување на Марко Асенсио на Енфилд.