Ливерпул го враќа Верати во Европа
Директорите на Ливерпул добија понуда клубот да го ангажира Марко Верати. 31-годишниот дефанзивен играч за врска игра за катарскиот Ал-Араби по долгиот престој во францускиот гигант Пари Сен Жермен.
Познато е дека англискиот клуб не успеа во обидите да го ангажира Мартин Зубименди од Реал Сосиедад, откако самиот шпански играч од средниот ред одби да се пресели на Островот, па се определи да остане во Сан Себастијан.
Инаку, се уште не е јасно дали „црвените“ ќе форсираат преговори за Верати, кој би можел да биде краткорочно решение за позицијата „шестка“ во тимот на Арне Слот. Ливерпул ја започнува новата сезона во Премиер лигата во сабота со гостување кај новајлијата Ипсвич.