Ливерпул го договори Милош Керкез

Фудбалерот на Борнмут и еден од најдобрите леви бекови во Премиер лигата, Милош Керкез, се договорил со Ливерпул. Се очекува и клубовите да постигнат догвор за да може да се реализира трансферот.

Инсајдерот, Фабрицио Романо објави дека Милош Керкез се согласил да се пресели во Ливерпул и дека ја прифатил понудата на клубот од „Енфилд“. Според се она што се шпекулираше изминатите недели, трансферот би требало да изнесува околу 60 милиони евра.

Керкез го чека место во стартниот тим на Ливерпул, бидејќи Робертсон и Цимиказ сезонава не ги оправдаа очекувањата.

Керкез е роден во Врбас, Србија, но настапува за националниот тим на Унгарија.

Од друга страна, Ливерпул сè уште сериозно работи на трансферот на Флоријан Вирц од Баер Леверкузен. Овој трансфер би требало да достигне цена и до 150 милиони евра.