Ливерпул го договори Нуњез за 100 милиони евра!

Дарвин Нуњез е еден од најбараните фудбалери во овој момент, а како што стојат работите негов нов клуб ќе биде Ливерпул каде што ќе се пресели за сума од 100 милиони евра.
Последните информации на најпознатите медиуми и новинари говорат дека Ливерпул прифатил да плати 80 милиони евра, плус 20 како бонуси. Договорот е веќе постигнат и недостасува само уште потписот на фудбалерот.
Сезонава Нуњез играше одлично за Бенфика и го сврте вниманието на себе, се поврзуваше и со Манчестер Јунајтед меѓутоа на крајот го избра Ливерпул. Со неговото пристигнување веројатно станува јасно дека Садио Мане ќе си замине.