Ливерпул го менува „Најк“ со „Адидас“

Лидерот на табелата во Премиер лигата и веројатно новиот англиски шампион, Ливерпул ја прекина соработката со компанијата „Најки“. По 13 години гермскиот гигант „Адидас“ се враќа на „Енфилд“.

Финансиските детали од договорот не се обелоденети, но локалните медиуми успеаја да „ископаат“ дел од договорот.

Ливерпул на социјалните мрежи објави дека потпишал долгорочен договор со спортскиот бренд „Адидас“ кој ќе стане официјален партнер на клубот. Ова ќе биде трет пат во историјата, „црвените“ да соработуваат со компанија од Херцогенаурах.

Медиумите тврдат дека се работи за петгодишен договор вреден околу 70 милиони евра годишно.

„Ливерпул и Адидас договорија ново повеќегодишно партнерство, со кое спортскиот гигант повторно ќе стане официјален партнер на клубот. Од 1 август 2025 година, нашиот клуб ќе ги носи легендарните три риги, трет пат во историјата“, објави „Енфилд“.

Адидас со опрема ќе ги снабдува сите машки, женски и младински секции на Ливерпул, како и персоналот на клубот.

Англискиот гигант и германскиот производител на спортска опрема претходно соработуваа во два периода, од 1985 до 1996 година, а потоа и од 2006 до 2012 година.