Ливерпул го „наполни“ Тотенхем и избори финале на Лига Купот

Ливерпул е вториот финалист во англискиот Лига куп откако во реванш полуфиналниот натпревар убедливо го совладаа Тотенхем со 4-0.

На првиот меч во Лондон резултатот беше 1-0 за Тотенхем, но таа предност не беше довлно против најдобриот тим во Англија оваа сезона.

Избраниците на Арне Слот доминираа во текот на целиот натпревар и чудо е како постигнаа само четири гола.

Серијата ја отвори Коди Гакпо во 34. минута, неутрализирајќи ја предноста на Тотенхем во овој двоглав.

Во 51. минута беше досуден пенал, кој го реализираше Мохамед Салах. Третиот гол го постигна Доминик Собослај во 75. минута, за пет минути подоцна точка на натпреварот стави Вирџил ван Дајк.

Ливерпул сосема заслужено стигна до финалето каде на 16. март на Вембли ќе игра против Њукасл.