Ливерпул го носи Милош Керкез од Борнмут

Милош Керкез е едно од најпосакуваните имиња на „Енфилд Роуд“. Според информациите на инсакдерот Фабрицио Романо, менаџерот на „црвените“, Арне Слот дал зелено светло да се почне акцијата за доведување на дефанзивецот на Борнмут.

Керкез овој јануари одлучи да потпише со нов менаџер, Фали Рамадани и неговата Лиан Спортс агенција, што е јасна порака дека бара ново поглавје во својата кариера. Рамадани е истиот агент кој го донесе Федерико Киеза во Ливерпул, па голема е веројатноста дека тој ќе биде фактор плус за реализација на овој трансфер. Се очекува преговорите да почнат во следните месеци, со оглед на тоа што интересот на Ливерпул е искрен и конкретен.