Ливерпул договори светски првак: МекАлистер доаѓа на „Енфилд“
Ливерпул на лето ќе прави реконструкција на средниот ред и приоритет е доведување на најмалку двајца врвни играчи за врска.
Последните информации се дека Ливерпул е пред комплетирање на трансферот на ѕвездата на Брајтон, Алексис Мекалистер.
23-годишиот играч за врска пристигна во Брајтон од Бока Јуниорс за 12 милиони евра и се етаблираше во еден од најдобрите играчи за врска во Премиер лигата. Аргентинецот беше на мета на многу европски гиганти, но Ливерпул ја победи конкуренцијата и постигнал договор со играчот.
Финансиските детали не се познати, но се очекува „црвените“ да платат околу 60 милиони евра за неговиот потпис.