Ливерпул им сервираше одмазда на „волците“ во ФА Купот

Ливерпул со 1-3 го победи Вулвс на негов терен и се пласираше меѓу осумте најдобри во ФА Купот. Сите четири погодоци на натпреварот беа постигнати во второто полувреме.

Серијата ја започна Робертсон со гол во 51. минута, две минути подоцна погоди и Салах за 0-2. Третиот гол за Ливерпул беше дело на Џонс во 74. минута.

Вулвс даде гол во 91. минута преку Хванг Хи Чан, но немаше време за враќање.