Ливерпул испиша историја во англискиот фудбал

Англискиот фудбалски гигант Ливерпул, постигна историски успех после победата над Њукасл од 3:1.
Имено, тимот од „Енфилд“ стана првиот кој остварил 2 илјади победи во англиската фудбалска лига. Шесткратниот шампион на Европа, има одиграно 4227 натпревари во елитниот англиски фудбал, што значи дека забележал победи на 47,3 % од сите одиграни дуели.
Како второ рангиран клуб е Арсенал со 1927 победи. Потоа следуваат Евертон со 1872 и Манчестер Јунајтед со 1857 победи.