Ливерпул и Баерн Минхен со можна размена, Мане за Гнабри

Ливерпул и Баерн би можеле да извршат замена на играчите на кои им истекуваат договорите на крајот од наредната сезона. Се работи за крилните напаѓачи Садио Мане и Серж Гнабри, кои засега одбиваат да ги продолжат договорите со своите клубови.
30-годишниот Мане пристигна на Енфилд во 2016 година од редовите на Саутемтон и досега на вкупно 265 натпревари постигна 118 голови. Неговиот актуелен договор со клубот истекува во јуни 2023 година.
Договорот на 26-годишниот Гнабри со Баерн исто така е со важност до летото 2023 година. Германецот оваа сезона одигра 40 натпревари, постигнувајќи 14 гола и 5 асистенции.