Ливерпул и Леверкузен се договорија, Кванса се сели во Германија

Баер Леверкузен и Ливерпул продолжија да си ја вршат размената на летниот фудбалски пазар.

Откако шампионот на Англија ги купи Флоријан Вирц и Џереми Фримпонг од вицешампионот на Германија за огромни суми пари, сега еден играч на Ливерпул замина во спотивната насока.

Фабрицио Романо објави дека Баер го купил талентираниот англиски стопер Џарел Кванса за 30 милиони евра.

Доколку Кванса исполни одредени бонуси, трансферот ќе се зголеми за уште пет милиони евра.

Кванса потпиша договор со тимот од Леверкузен до 2030 година и ќе го замени Џонатан Тах, кој се пресели во Баерн Минхен. Важна клаузула во договорот е дека Ливерпул ќе има да го врати дефанзивецот за одредена сума.

Кванса моментално игра за Англија на Европското првенство до 21 година, а синоќа ги одигра сите 90 минути во победата од 3:1 над Шпанија, по што Англичаните се пласираа во полуфиналето, каде што ќе се соочат со Холандија.