Ливерпул – Манчестер Јунатед во четвртфиналето на ФА Купот

Лутите ривали Манчестер Јунајтед и Ливерпул ќе се соочат на „Олд
Трафорд“ во четвртфиналето на ФА Купот. Така сакаше вчерашната
ждрепка. Двата тима синоќа остварија победи во осминафиналето.
„Црвените ѓаволи“ беа во сериозни проблеми на гостувањето кај
Нотингем Форест, но сепак успеаја да постигнат победа од 1-0 преку
голот на Касемиро во 89. минута.
Младинскиот тим на Ливерпул беше далеку поубедлив на домашен
терен во дуелот со Саутемптон победувајќи со 3-0. Младиот Џејден
Денс постигна два гола откако Луис Кумас ги доведе „црвените“ во
водство во првото полувреме.
Двојки за четвртфиналето:
Вулверхемптон – Ковентри Сити
Манчестер Јунајтед – Ливерпул
Челзи – Лестер Сити
Манчестер Сити – Њукасл