Ливерпул нуди 50 милиони евра за Де Кетеларе

Ливерпул игра одлична сезона во која стана главен кандидат за титулата во Премиерлигата, а раководството на клубот работи на засилувања за следната.

Ливерпул е подготвен да плати 50 милиони фунти за играчот од средниот ред на Аталанта, Шарл Де Кетеларе.

Милан беше клубот кој го донесе Де Кетеларе во Италија, но росонерите се откажаа од него кој замина за Аталанта и таму почна да го покажува сиот свој потенцијал.

Аталанта направи вистински потег со неговиот ангажман, доби големо засилување и фудбалер кој ќе може да го продаде повеќе отколку што го купи.

А дали продажбата ќе се случи по крајот на сезонава, останува да се види.