Ливерпул падна по 24 натпревари, Тотенхем поблиску до финалето

Тотенхем синоќа во Лондон го победи Ливерпул со 1-0 во првиот натпревар од англискиот Лига куп.

Стрелец на единствениот гол беше 18-годишниот шведски играч за врска Лукас Бергвал во 86. минута. 10 минути претходно, ВАР го поништи голот на Доминик Соланке.

На почетокот на натпреварот, играчот од средниот ред на Спарс, Родриго Бентанкур падна на земја, изгуби свест и беше изнесен од теренот на носилки.

Реваншот ќе се одигра на 6 февруари во Ливерпул.