Ливерпул побара одложување на натпреварот со Арсенал

Екипата на Ливерпул поднесе официјално барање за одложување на полуфиналната средба против Арсенал во Лига купот на Англија закажана за во четврток.
Како причина за барањето за одложување е наведен недоволниот број на играчи кои Ливерпул ги има на располагање поради зголемениот број на позитивни случаи на Ковид-19, како и многуте повредени фудбалери.
Екипата од „Енфилд“ го откажа и одржувањето на последниот тренинг и се надева дека нивното барање ќе биде прифатено од страна на надлежните во англиската фудбалска федерација.