Ливерпул покажува интерес за Жоао Феликс

Според информациите кои доаѓаат од спортските портали во Шпанија, Ливерпул пројавува интерес за доведување на играчот на Атлетико Мадрид,Жоао Феликс. Феликс подолго време се бори за место во првиот тим на Атлетико и досега има одиграно само три првенствени натпревари.

21-годишниот Португалец, ги исполнува условите кои ги бара Јирген Клоп, а тоа е фактот дека Жоао Феликс може да игра на повеќе позициии во тимот, како централен напаѓач и како крилен напаѓач.

Младиот играч, пристигна во Атлетико Мадрид од тимот на Бенфика за сума од 126 милиони евра, но според информациите Атлетико би можел да го ослободи играчот за 80 милиони евра. Овие пари Диего Симеоне би ги искористил за трајно откупување на договорот со Антоан Гризман.