Ливерпул сака да го позајми Арда Ѓулер
Шпанска „Марка“ денеска пишува дека Ливерпул контактирал со Реал Мадрид за можноста да ангажира еден играч од освојувачот во Лигата на шампионите во летниот трансфер период. Според весникот, станува збор за младиот турски репрезентативец Арда Ѓулер, кој се поврзува со заминување од „Бернабеу“ по само една година мината во шпанската престолнина.
Сепак, тимот на Карло Анчелоти потврдил дека не сака да се раздели со 19-годишниот напаѓач, кој има уште пет години од договорот, што дава јасен сигнал дека Ливерпул нема да добие „зелено светло“ за преговори.
Минатата недела, Ѓулер го потврди својот талент постигнувајќи еден од најдобрите голови на Евро 2024 досега во победата на Турција од 3-1 над Грузија.