Ливерпул сака уште еден Луис Суарез во своите редови

Луѓето од Ливерпул може да испратат понуда за фудбалерот на Спортинг, Луис Суарез, најавија дел од медиумите од Пиринеите.
Колумбискиот репрезентативец кој има откупна клаузула од 80 милиони евра игра одлична сезона. Тој на 42 меча дојде до 33 гола и 7 асистенции.
Анализите велат дека за напаѓачот на португалскиот тим е заинтересиран и составот на Њукасл.