Ливерпул се откажува од трката по Џуд Белингем

Јирген Клоп ги потврди последните информации дека Ливерпул се откажал од битката за ангажман на Џуд Белингем.

Менаџерот јасно стави до знаење дека клубот нема финансиски потенцијал да реализира договор со Борусија Дортмунд. Цената на англискиот интернационалец  ќе биде повеќе од 100 милиони евра.

„Морате да процените што можете да направите. Мора да видите колку пари имате. На пример, нема шанси да земеме шест фудбалери и секој од нив да чини 100 милиони фунти“, вели Клоп.