Ливерпул со ослабен состав против Ватфорд

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп се соочува со големи проблеми за гостувањето кај Ватфорд во саботната пресметка.
Популарните “црвени“ имаат многу проблеми со повредени играчи, а бразилците Алисон Бекер и Фабињо ќе бидат надвор од плановите за настап. Поради нивниот настап со репрезентацијата на Бразил нема да имаат доволно време за одмор и припрема за натпреварот со Ватфорд. Тиаго Алкантара започна со индивидуални тренинзи но сеуште е недоволно подготвен за враќање на теренот.
Под знак прашалник за натпреварот е и напаѓачот Диого Жота, кој беше повикан во репрезентацијата на Португалија, но поради повреда беше ослободен од обврските и се врати назад во Ливерпул.