Ливерпул спремен да му понуди нов договор на Мохамед Салах
Раководството на Ливерпул планира интензивни разговори со големата ѕвезда на тимот Мохамед Салах. Секако, станува збор за можно обновување на договорот на египетскиот репрезентативец со „црвените“.
Актуелниот договор на играчот истекува на крајот на сезоната, што значи дека Салах веќе во јануари ќе може да преговара со сите заинтересирани клубови. Токму поради оваа причина Ливерпул има намера да започне разговори со напаѓачите пред крајот на годината.
Салах ги загрижи навивачите на „црвените“ по уште еден силен настап за Ливерпул против Манчестер Јунајтед, изјавувајќи дека ова е негова „последна година“ за клубот. Сепак, според многумина, зборовите на Салах биле погрешно протолкувани.