Ливерпул фаворит за потписот на Аргентинецот Алварез

Англискиот гигант Ливерпул покажува сериозен интерес за напаѓачот на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварес. Според информациите на шпанското издание
„Фишајес“, Црвените разгледуваат неколку опции за ангажман на аргентинскиот голгетер, а меѓу нив се споменува и можноста за размена со уругвајскиот напаѓач Дарвин Нунез.
Алварес има силна сезона во дресот на Атлетико Мадрид, со бројни голови и асистенции во сите натпреварувања.
Со своето претходно искуство во Премиер лигата, тој би бил одлично засилување за Ливерпул, кој се наоѓа во фаза на реконструкција под водство на новиот менаџер Арне Слот.