Ливерпул ја одбил првата понуда од Баерн за Мане
Баерн ja испратил првата понуда за Мане и таа изнесувала околу 25 милиони евра, но Ливерпул веднаш ја одбил.
„Тајмс“ објави дека Баварците понудиле 25 милиони евра, плус бонуси за Мане, кои Ливерпул би ги добил кога Сенегалецот со Баерн ќе ја освои Лигата на шампионите. На „Енфилд“ воопшто не биле задоволни да влегуваат во сериозни разговори за оваа понуда затоа што сметаат дека Мане вреди многу повеќе.
Договорот на Мане со Ливерпул истекува по следната сезона, а ова лето е последна прилика за „црвените“ да заработат од неговото заминување.
Мане со изјавите во јавноста не потврдил дека сака да замине, меѓутоа на големо се најавува дека тоа и ќе го направи. Наводно Сенегалецот после времето поминато во Ливерпул сака нов предизвик. Во таборот на „црвените“ пристигна во 2016 година и на 269 натпревари постигна 120 голови.