Ливерпул ќе плати обештетување да го доведе Рубен Аморим
Прашањето за наследникот на Јирген Клоп го оптоварува раководството на Ливерпул. И ќе мора итно да го реши. А решението е на повидок и тоа во ликот на Рубен Аморим.
Португалецот веќе три сезони одлично работи во Спортинг и привлече големо внимание од најголемите европски клубови. На пример, Челзи го сакаше минатата сезона, но тој не сакаше да се пресели во Лондон.
Сепак, тој би можел да замине во Ливерпул, кој ќе мора да го „одврзе ќесето“ за да го донесе 39-годишен тренер кој заедно со Чаби Алонсо, Тиаго Мота и Роберто де Зерби е меѓу најталентираните стручњаци во Европа.
Она што е проблем за „црвените“ е фактот што Аморим во договорот со Спортинг има откупна клаузула вредна 20.000.000 евра.
Иако наводно Спортинг би бил подготвен да го пушти и за 15.000.000 евра. Дури и двата клуба да ја исполнат таа бројка, Аморим би бил вториот најскап тренер досега! Само Баерн Минхен плати повеќе кога го донесе Јулијан Нагелсман од РБ Лајпциг (25.000.000 евра). Идентична сума на пари одвои и Челзи за Андре Виљаш Боаш од Порто уште во 2011 година.