Ливингстон се раздели со Милвоки Бакс

Екипата на Милвоки се раздели со кошаркарот, Крис Ливингстон, објавија денеска медиумите во САД.

21-годишниот поентер (198 см) беше избран на 58-мо место на НБА драфтот во 2023 година.

Во текот на 2 сезони со тимот, кошаркарот одигра 42 натпревари, постигнувајќи 1,3 поени и 1,3 скока за 4,7 минути во просек.