Лидс го отпушти тренерот Марш

Англискиот премиерлигаш Лидс Јунајтед објави дека се раздели со тренерот на екипата Џеси Марш.

„Ја потврдуваме информацијата дека Џеси Марш не е повеќе тренер на нашиот клуб. Лидс му е благодарен за се што направи, и му посакува успеси во продолжението на кариерата“, стои во соопштението од Лидс Јунајтед.

Американецот Марш беше тренер на Лидс од февруари минатата година кога на клупата го наследи Марсело Биелса. Претходно ги има водено екипите на Монтреал, Њујорк, Салцбург и Лајпциг.

Лидс Јунајтед во моментот се наоѓа на 17.место од табелата во Премиер лигата, со освоени 18 бода.