Лидс го сака Раул за менаџер за следната сезона
Спортскиот директор на Лидс, Виктор Орта, призна дека внимателно ја следи тренерската кариера на легендата на Реал Мадрид, Раул и дека е отворен да го донесе на „Еланд Роуд“ ова лето. 45-годишниот тренер моментално го предводи вториот тим на Реал Мадрид, но ќе си замине на лето кога ќе му истече договорот.
„Раул ми се допаѓа уште од кога беше фудбалер, но исто така сум исклучително импресиониран од неговата работа како тренер. Го следам долго време. Тој успеа да ја освои младинската лига со Реал Мадрид, иако немаше баш талентиран состав.Сигурно тоа не е најсилната генерација во мадридската школа,но ја водеше до титулата.Тогаш сфатив дека има квалитети да биде голем тренер.Сега работи со тренер кој исто така добро го познавам. Гледам сериозна еволуција во неговата работа и навистина сум љубопитен до каде може да стигне“, изјави Орта.
Тимот на Лидс Јунајтед планира д абара нов тренер за следната сезона, а според Орта , Раул може да биде нивниот избор.