Лидс не го убеди, Алиоски се сели во Турција

Македонскиот репрезентативец, Езгјан Алиоски од следната сезона ќе игра за турски Галатасарај, пишуваат медиумите од Турција. Левиот бек на Лидс уште во февруари годинава ги договорил сите услови, но по негово барање официјализирањето на соработката ќе биде направено по завршувањето на оваа сезона. Алиоски не сакал трансферот јавно да биде објавен од страв дека навивачите на Лидс нема лесно да ја прифатат оваа информација. Алиоски подолго време преговараше и со Лидс за нов договор, но на крајот решил да ја прифати понудата да се пресели во Турција.