Лидс ќе му врачи отказ на тренерот кој го врати во Премиер лигата

Лидс се врати во Премиер лигата со стил – со 6:0 триумф над Стоук Сити и помош од Барнли, кои го совладаа Шефилд јунајтед, „белите“ обезбедија директна промоција. Но, наместо еуфорија, на „Еланд Роуд“ владее неизвесност – иднината на менаџерот Даниел Фарке виси во воздух.​

Германецот, кој во 2023 година беше назначен за менаџер на Лидс, го врати тимот во елитата со импресивен биланс – 59 победи во 102 натпревари . Сепак, сопствениците на клубот се двоумат дали да го задржат, поради неговото слабо претходно искуство во Премиер лигата со Норич, каде што освои само 6 победи во 49 натпревари.​

Фарке, познат по својата офанзивна филозофија и работа со млади играчи, ја освои довербата на навивачите. Сепак, управата на клубот размислува дали тој е вистинскиот избор за предизвиците што ги носи Премиер лигата.

Во меѓувреме, клубот планира проширување на стадионот „Еланд Роуд“ од 37.792 на околу 53.000 седишта, со цел да стане еден од најголемите во Обединетото Кралство . Овој амбициозен проект дополнително ја зголемува потребата за стабилност и јасна визија на клупата.​