Лилард со победа дебитираше за Милвоки

Лилард го одигра првиот меч за Бакс и воопшто за оваа франшиза. Во своето деби за Милвоки, Лилард постигна 14 поени за 22 минути на паркетот, додека најефикасен беше Јанис Антетокунбо со 16 поени и осум скока. Кошаркарите на Милвоки го совладаа Лос Анџелес Лејкерс со 108-97 во еден од претсезонските натпревари одиграни синоќа.

Во останатите натпревари кошаркарите на Мајами беа подобри од Мемфис со 132-124, Денвер предводен од Јокиќ славеше над Чикаго со 116-102, додека Голден Стејт на гости по продолженија славеше над Сакраменто со 121-115.

На другата страна, во отсуство на Леброн Џејмс, најдобар беше Ентони Дејвис со 16 поени и седум скока, Деанџело Расел имаше 11 поени, а Кристи додаде десет поени.