Лил има нов напаѓач, Жиру потпиша едногодишен договор

Францускиот напаѓач Оливие Жиру потпиша договор со Лил, објави денеска клубот од Лига 1.

Договорот со 38-годишниот Французин е со важност до јуни 2026 година, но постои опција за продолжување на соработката за уште една сезона.

Жиру се враќа во француското првенство, откако во 2012 година го напушти Монпелје и потпиша шестгодишен договор со Арсенал.

Искусниот Французин потоа ја освои Лигата на шампиони и Лига Европа со Челзи, пред да ја освои и титулата во Серија А со Милан.

На 28 јуни, американскиот прволигаш Лос Анџелес објави дека го раскинува договорот со Жиру, кој настапуваше во МЛС лигата од летото 2024 година и постигна пет голови на 37 натпревари.