Лина Ѓорческа го заврши настапот во Мадрид

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на ВТА 125 турнирот во Мадрид откако во четвртфиналето загуби од Лиса Пигато од Италија со 2-0 во сетови (6-4 и 6-2) за 84 минути игра.
Ѓорческа за пласманот во четвртфиналето ќе добие 3.000 евра и 27 поени со кои ќе напредува на ВТА ранг-листата.
Македонската тенисерка мечот го започна одлично и поведе со 4-0 во гемови, но потоа дојде до пресврт во мечот и Пигато ја презеде контролата над играта и резултатот и сетот го доби со 6-4 во гемови.
Во вториот сет Италијанката поведе со 4-1 во гемови, а со вториот брејк во сетот го доби со 6-2 во гемови.
Ѓорческа следната недела ја очекува настап на ИТФ турнир во Порторож.