Лина Ѓорческа елиминирана во второто квалификационо коло

Нашата најдобра тенисерка, Лина Ѓорческа е елиминирана во квалификациите за пласман на Австралија Опен. По голема борба, во меч со три сета, Ѓорческа е елиминирана од Тамара Зиданшек од Словенија.

Ѓорческа го доби првиот сет со 6-4, по што во вториот подобра беше Зиданшек која изедначи на 1-1, откако го доби вториот сет со 6-2.

Во третиот решавачки сет следеше голема борба, се чекаше една од тенисерките да направи грешка. Зиданшек при резултат 5-5 го гејмови, за малку ќе го загубеше гејмот на свој сервис, сепак Лина за малку не успеа да го добие тој герм и да дојде до водство.

За жал тоа и успеа на Зиданшек која успеа да го добие следниот гејм на сервис на Ѓорческа за конечни 5-7 и победа од 2-1 во сетови.

Ова беше меч кој траеше два часа и 15 минути