Лина Ѓорческа испиша историја и се пласира на Вимблдон

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, стана првата Македонка која ќе настапи на грен слем турнир откако ја мина и последната пречка во квалификациите за Вимблдон.
Во финалето од квалификациите Ѓорческа денеска ја совлада италијанската тенисерка, Лусија Бронзети во два сета и со само три загубени гема.
Италијанката беше речиси 100 места подобра од Ѓорческа на ВТА листата, но на теренот нашата тенисерка делуваше супериорно.
Лина го доби првиот сет со 6-1, а во вториот беше подобра со 6-2.
Ѓорческа е прв тениски натпреварувач од Македонија кој ќе игра на грен слем турнир во сингл конкуренција.
Низ историјата досега го имавме само Александар Китинов кој настапуваше повеќепати на грен слем турнири, но во конкуренција на двојки.