Лина Ѓорческа обезбеди пласман во четвртфиналето на турнирот во Порто

Денеска во осминафиналната фаза на ИТФ В50 турнирот на тврда подлога во Порто, Португалија, најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа триумфираше над Настасја Шунк од Германија со 2:0 во сетови 6-2 и 7-6.
Лина Ѓорческа го доби убедливо првиот сет со 6-2, а вториот по тајбрејк со 8-6 на поени.
Нашата тенисерка која е петта носителка на турнирот, во четвртфиналето ќе игра со победничката од дуелот помеѓу првата носителка Деспина Папамихали од Грција и Рашида МекАдо од САД.
Ѓорческа го почна турнирот со победата над Швајцарката Илена Ин-Албион (6-2, 6-3).